Muhammed Boztepe
27 Ноември 2018•Ажурирај: 28 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Во периодот од 21 до 27 ноември на територијата на цела Турција спроведени се 480 операции насочени кон терористичката организација ПКК/КЏК, при што се приведени 544 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави турското Министерство за внатрешни работи, жандармеријата и безбедносните единици во оваа земја спровеле операции против терористичката организација ПКК/КЏК на целата територија на Турција.
Во спроведените 480 операции приведени се вкупно 544 лица, од кои најмногу во Дијарбакир, Ван, Агри, Истанбул, Шанлиурфа и Мардин.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речсии 40.000 лица, меѓу кои жени и деца.