Seda Sevencan
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турција започна нова антитерористичка операција во источниот дел на земјата, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата „Јилдирим-16“ во источната област Битлис има за цел целосно елиминирање на сепаратистичките терористички групи и неутрализирање на сите терористи кои се кријат во тој регион“, се вели во соопштението на Министерството.
Дури 2.571 припадник на безбедносните сили учествуваат во операцијата, меѓу кои и специјалните единици на жандармеријата, полицијата и други.
Иако во соопштението не се споменува името на одредена група, во источна Турција активна е терористичката организација ПКК, каде што властите започнаа серија антитерористички операции оваа година за неутрализирање на терористите на ПКК во тој регион.
Министерството даде детали за операцијата „Јилдирим“ за периодот од 13 јули 2020 година, истакнувајќи дека досега неутрализирани се 148 терористи, уапсени се 77 соработници на терористичките организации и уништени над 455 пештери, засолништа и голема количина оружје.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.