Havva Kara Aydın
25 Март 2021•Ажурирај: 26 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа шестмина терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес Министерството за одбрана на Република Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Терористите, за кои е утврдено дека се подготвувале за напади, се откриени и неутрализирани на подрачјето на турската операција „Канџа-Тигар“.
Турското Министерство за одбрана објави и видеоснимка од операцијата против терористите на ПКК.
„Нашата борба против терористите се продолжува ефикасно и одлучно“, се додава во сооопштението на Министерството.
Операциите „Канџа-Тигар“ и „Канџа-Орел“ беа започнати во пограничните региони во северниот дел на Ирак минатиот јуни за да биде воспоставена безбедност за турскиот народ и границите на земјата.
Терористите на ПКК често се кријат во северниот дел на Ирак за од тоа подрачје да планираат прекугранични напади во Турција.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.