Muhammed Ali Toruntay
06 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани 5 терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, во регионите Авашин-Басјан и Хакурк, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашите операции против терористичката организација ПКК продолжуваат решително. Идентификуваните 5 терористи на сепаратистичката терористичка организација ПКК во северниот дел на Ирак, во регионите Авашин-Басјан и Хакурк, неутрализирани се со воздушна операција“, се нагласува во соопштението на Министерството.
Терористите на ПКК бараат засолниште во северен Ирак, близу турската граница, со цел да планираат терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и Европската Унија, одговорна е за смртта на 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени.