Barış Seçkin
20 Април 2018•Ажурирај: 21 Април 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој, истакна дека неприфатливо е што Соединетите Американски Држави (САД) изразија загриженост поради тоа што изборите во Турција ќе се одржат во период на вонредна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Аксој одговори на прашањето околу изјавата на портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, која изрази загриженост поради тоа што предвремените избори во Турција ќе се одржат во период на вонредна состојба.
Аксој нагласи дека сите избори одржани во Турција се потврдени со извештаите на меѓународните набљудувачи дека биле демократски, слободни, фер и транспарентни избори.
„Последниот доказ на тоа е уставниот референдум кој се одржа во 2017 година во услови на вонредна состојба. Игнорирајќи го овој факт, да се тврди дека вонредната состојба ќе предизвика изборите да се останат зад демократските стандарди е еден пристап со друга, скриена намера“, додаде тој.
Цел на вонредната состојба се активностите на терористите кои се закана за единството и опстанокот на државата.
„За никој друг, освен за терористите, во нашата земја нема ограничување на основните права и слободи. Исто така, сакам да потсетам дека во повеќе земји се одржани избори за време на вонредна состојба“, рече Аксој.
Тој стави акцент на изборите одржани во Франција во 2017 година, како пример на избори за време на вонредна состојба.
„Ваквите коментари со предрасуди, кога станува збор за нашата земја, од страна на одредени земји кои тврдат дека ја прифатиле демократијата и владеењето на правото, се пример за пристап со двојни стандарди кон Турција. Покрај тоа, давањето прелиминарни изјави околу избори кои сè уште не се одржани значи интервенирање врз волјата на народот, а тоа е неприфатливо“, истакна Аксој.