Sinan Özmüş
29 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
АНТАЛИЈА (АА) - Домашни и странски посетители ги преплавија плажите во популарната турска туристичка дестинација Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Температурата на воздухот изнесува 33 степени, а на морето 25, што многумина решија да го искористат. Така, плажите во Коњаалти и Лара беа преполни со оние кои одлучија да го поминат денот на отворено, покрај морето.
Многумина се одлучија за пливање, сончање, пешачење или возење велосипед.
Моментите од одморот во Анталија посетителите ги овековечија со фотографии.