Faruk Zorlu
22 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони уништија четири позиции на терористите во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во порака објавена на официјалниот профил на Твитер, турскиот Генералштаб објави дека воздушните напади биле спроведени вчера во северниот ирачки регион Хакурк.
Турските напади во овој регион вообичаено се насочени кон терористите на ПКК.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ).
Во нивната кампања против Турција, која трае повеќе од три децении, убиени се над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.