Mehmet Tosun
15 Јуни 2018•Ажурирај: 16 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Во акциите во последните седум дена, во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак беа неутрализирани 93 терористи, вклучувајќи ги и трите водечки фигури во организацијата ПКК/КЦК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Турската армија соопштија дека во периодот од 8 до 14 јуни се неутрализирани 93 терористи, и е запленето голема количина оружје и муниција. Беше уништено и 21 складиште и 15 рачно изработени експлозиви. Тројца војници загинаа, а 18 беа повредени.
Акциите беа спроведени во Дијарбакир, Мардин и Сиирт во југоисточниот дел на Турција и северен Ирак. Станува збор за активности кои во континуитет се спроведуваат против припадниците на сите терористички организации, вклучително и ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Генералштабот објави дека 2.884 лица се обиделе илегално да ја преминат границата во изминатите седум дена.
Исто така беше соопштено дека 4.507 терористи беа неутрализирани како дел од операцијата „Маслинова гранка“ во сириската провинција Африн.
Во судирите со терористите до денес загинаа 54 војници, а 234 беа ранети. Во тек се акциите за пронаоѓање на останатите убиствени средства и деминирање во регионот наАфрин.
Операцијата во Африн започнаа на 20 јануари, во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации.
Турските сили и Слободната сириска армија ја ослободија целата територија од терористите на ПКК/КЦК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, а Турција продолжува да се бори против тероризмот по должината на линиите на разграничување на Сирија и Ирак.
Турција се повикува на член 51 од договорот на ОН, или на „правото на самоодбрана“. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година без судир им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ЈПГ/ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на оваа терористичка организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија.
Од средината на 80-тите во минатиот век, ПКК води вооружена борба против Турција.