Handan Kazancı
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Според информациите на турското Министерство за внатрешни работи, турските безбедносни сили неутрализирале 2.195 терористи во текот на оваа година, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските безбедносни сили, вклучително копнените и воздушните сили на турската армија, како и жандармеријата и специјалните оперативни полициски единици, од 1 јануари до 25 декември спровеле вкупно 50.682 операции.
Според податоците до кои дојде АА, вкупно 1.190 терористи биле неутрализирани, 521 приведени, а 464 се предале на безбедносните сили.
Шеесет и двајца од неутрализираните терористи се наоѓале на листата на 'барани' терористи од страна на турското МВР. Други 62 терористи кои не се наоѓале на листата, биле на повисоки позиции во терористичките организации.
Турските безбедносни сили уапсија 19.759 осомничени лица на ПКК, 4.522 на ДЕАШ, 62.402 осомничени лица на ФЕТО и 1.307 членови на екстремно левичарските организации.
25.922 од уапсените се задржани во притвор.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ ја продлжи својата вооружена кампања против Турција во јули 2015 година.
- Спречени терористички напади -
Откако ПКК ја продолжи својата вооружена кампања во јули 2015 година, над 1.200 припадници на безбедносниот персонал и цивили ги загубија своите животи.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад минатогодишниот обид за државен удар во Турција во кој загинаа 250, а околу 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО исто така е виновна и за водењето долготрајна кампања за соборување на власта преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.
Безбедносните сили спречија и вкупно 680 можни терористички напади. Оваа година, 135 лица ѝ се придружија на терористичката организација ПКК, додека 425 припадници на ПКК им се предадоа на турските безбедносни сили.
Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека регрутирањето на ПКК било на најниско ниво во последните 30 години.
Според податоците на министерството, 633 лица ѝ се придружиле на терористичката огранизација во 2016 година.
Турските безбедносни сили исто така имаат спроведено 117.909 операции во борбата против дрогата, во кои 168.986 биле уапсени додека 13.921 од нив биле задржани во притвор.
Од страна на турските безбедносни сили биле запленети над 184 тони наркотици во различни форми и над 28 милиони опојни дроги.