Necat Hazar
27 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
ВАН (АА) - За време на претрес на два патнички автобуси во источниот дел на Турција, полицијата заплени 177,94 килограми хероин, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициската управа во источната област Ван соопшти дека за време на рутинска контрола во патнички автобус во подрачјето Тусба, запленети се 200 пакети во кои се наоѓале 107,42 килограми хероин.
Дрогата била скриена во покривот на автобусот, а возачот и еден патник се приведени и се предадени на надлежните органи за понатамошно испитување.
Слична акција полицијата утринава изврши и во подрачјето на Едремит, во турската област Ван. Во патнички минибус пронајдени се 70,52 килограми хероин.
Во овој случај дрогата била скриена во вратите на возилото, а возачот и еден патник се лишени од слобода.