Gökhan Ergöçün
22 Февруари 2021•Ажурирај: 24 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ
Турција во јануари оваа година угости 509.787 странски туристи, а Истанбул остана најбараната дестинација, се соопштува денес од Министерството за култура и туризам, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во однос на истиот месец минатата година, тој број е помал за 71,48 отсто, поради пандемијата на коронавирусот.
Истанбул и понатаму е најбарана дестинација, која привлече речиси 65,7 отсто од сите странски посетители, односно 334.825 лица.
Градот Едрене, кој граничи со Бугарија и Грција, исто така е меѓу омилените одредишта со 52.698 посетители во јануари.
Потоа следува Анталија со 9,22 отсто или 47.023 странски туристи.
Посетителите од Русија се во најголем број и сочинуваат 17,54 отсто од туристите, потоа следуваат туристите од Иран со 7,45 отсто, Бугарија со 6,02 отсто, Украина со 5,53 отсто и Германија со 5,32 отсто.
Минатата година, повеќе од 12,7 милиони странски туристи беа во Турција и покрај пандемијата на коронавирусот, што е помалку во однос на речиси 45,05 милиони во 2019 година.
Во текот на 2020 година, Турција покрена програма за безбедно патување, која го покрива широкиот спектар на безбедносни мерки во транспортот, сместувањето и здравствените услови и за туристите и за вработените во угостителството.