Gözde Bayar
22 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
АНКАРА
Турските безбедносни сили приведоа вкупно 14 осомничени лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Антитерористичките тимови и разузнавачките тимови дознаа дека 21 припадник на ДЕАШ се наоѓаат во главниот град Анкара“, вели изворот, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
„Тимовите спроведоа истовремени операции во раните утрински часови и приведоа 14 странски државјани, кои беа во контакт со конфликтните зони“, додава изворот.
Потрагата по останатите осомничени лица е во тек.
Турција беше една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација во 2013 година.
Оттогаш во земјата се извршени повеќе напади од терористите на ДЕАШ, односно најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки напади и 4 вооружени напади, во кои загинаа 315 лица, а беа повредени стотици други.
Како одговор на нападите, Турција започна антитерористички операции во земјата и во странство за да спречи нови напади.