Şerife Çetin
22 Февруари 2021•Ажурирај: 23 Февруари 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу објави дека денес телефонски разговарал со министерот за внатрешни работи на Либија, Фати Башага, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од дипломатски извори, Чавушоглу разговарал со Башага по повод нападот врз конвојот во кој се наоѓал министерот.
Министерството за внатрешни работи на Либија соопшти дека на 21 февруари, околу 15 часот по локално време, бил отворен оган со митралез врз конвојот на Башага, кој се движел кон западниот дел на Триполи.