Kadir Yıldız
08 Септември 2017•Ажурирај: 09 Септември 2017
КОЏАЕЛИ (АА) - КАДИР ЈИЛДИЗ - Продавач на турско традиционално печиво, кој за живот заработува секојдневно на улиците продавајќи симит, вкупната дводневна заработка ја донираше за загрозените муслимани од Аракан, кои се изложени на масакри и прогони од страна на будистичките екстремисти и војската на Мјанмар.
Уличниот продавач на симит, инаку, традиционално турско печиво, 41-годишниот Еркан Ајхан, во Коџаели веќе 14 години на овој начин заработува за живот.
Во разговор за Anadolu Agency (AA), овој уличен продавач на симит раскажа дека два дена работел само за муслиманите од Аракан, а за таа цел порачал маица со испечатена порака:
„Суров си свету, Аракан рони крвави созли, а каде си ти?“
Заработката во износ од 147 турски лири, или нешто повеќе од 35 евра, ги уплати на смета на хуманитарната организација ИХХ, отворена собирање помош за Рохинџите.
„Иако светот немо ги набљудува случувањата во Аракан, одлучив да сторам онолку колку што е во моја моќ. Свесен сум дека мојата дводневна заработка од продажбата на симит не може да ги спаси луѓето од Аракан, но оттука упатувам повик до светот да им помогне на тие луѓе. Ние тука убаво го поминавме Курбан бајрам, но помислете, Рохинџа муслиманите ги убиваат таму, ги жртвуваат, масакрираат“, изјави Ајхан.
Тој потсети дека не може да спие откако ги видел снимките од Мјанмар, на кои се забележани масакрите.
„Размислував што може да се направи за тие луѓе. Одлучив да се обидам да го пренесам нивниот глас, нивниот повик за помош. Им ја испратив мојата заработка. Мораме да бидеме нивен глас, мораме да им подадеме рака за помош“, изјави Ајхан.
Уште еден продавач на симит, Ведат Кара, потсети дека случувањата во Аракан се неприфатливи и оти сите муслимани мораат единствено да дејствуваат со цел да им помогнат на Рохинџите.
Тој нагласи дека муслимание мораат многу повеќе меѓусебно да си помагаат.
Под изговор за борба против милитантните групи, мјанмарската војска во изминатите неколку дена уништи најмалку 60 муслимански села, поради што десетици илјади жители беа принудени да избегаат кон соседен Бангладеш.
Според последните извештаи на ОН, во Бангладеш досега пристигнаа речиси 270.000 муслимани од Аракан, а десетици илјади чекаат да ја преминат границата.
Поради фактот што во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на загинатите во нападите на муслиманските населби.
Локалните невладини организации јавуваат дека станува збор за илјадници убиени луѓе.