Cihan Demirci
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
ЕДРЕНЕ (АА) - На подрачјето на пограничната област Ипсала во Едрене се пронајдени тела на уште 7 непријавени мигранти починати како последица на смрзнување на отворено, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За жал, бројот на мигранти кои беа истуркани назад од Грците и кои починаа од смрзнување се зголеми на 19. Нивните тела беа пронајдени за време на вчерашните и денешните операции за пребарување, а тие акции сѐ уште траат“, се вели во соопштението од кабинетот на гувернерот во Едрене.
Турската жандармерија врши операции за пребарување на копно и воздух во регионот, а подготвени се и екипи на Брзата помош.
Во Мандакору, Едрене, вчера беа пронајдени тела на 12 нерегистрирани мигранти кои починаа од смрзнување на отворено, откако грчките сили ги турнаа од нивната граница.