Cihan Demirci
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
ЕДРЕНЕ
Денес во Турција се одржуваат избори на кои граѓаните ја бираат локалната власт за мандат од пет години, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број мобилни тимови излегоа на терен да им помогнат на граѓаните кои не се во можност да излезат на гласање, овозможувајќи им да гласаат на старите и изнемоштени лица.
Одговорните од Окружниот избирачки одбор на градот Ердене заминаа до домовите на болните неподвижни лица, со цел да им овозможат да гласаат.
Едно од лицата кои на тој начин го искористија своето право на глас е 53-годишната Ајла Коџатурк, која е парализирана.
Претставниците од Окружниот избирачки одбор ја информира Коџатурк за начинот на гласање.
Во подрачјето на Агри, претставници на Избирачкиот одбор, заедно со претставници на полицијата, ги обиколуваа граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да излезат да гласаат.
Благодарение на мобилните екипи, лицата кои пријавиле барање за гласање во домашни услови поради попреченост од здравствени причини, може да го искористат своето право на глас.

Во Дузџе, Хабибе Кајнак, која е неподвижна, своето право на глас го искористи благодарение на мобилната избирачка кутија.
Кајнак во разговорот со новинарите кои присуствуваа на нејзиното гласање го изрази своето задоволство од постоењето на мобилни гласачки кутии, и рече „Ви благодарам, оваа можност е навистина многу добра. Дојдоа бидејќи сум неподвижна, гласав тука.“
Во подрачјето на Карабук, околу 20 избирачи кои имаат потешкотии со движењето, со помош на амбулантни возила беа пренесени во центрите за гласање во градот и селата за да го искористат своето право на глас.
Избирачките места во источниот дел на Турција утрово се отворени во 7:00 часот по локално време и гласањето ќе трае до 16:00 часот, додека избирачките места во западниот дел од земјата се отворени во 8:00 часот по локално време, а гласањето ќе трае до 17:00 часот.

Вкупно 12 политички партии учествуваат на изборите на кои граѓаните денес ја бираат локалната власт за мандат од пет години. На изборите учествуваат и вкупно 73 независни кандидати за началнички функции. Право на глас на овие избори во Турција имаат 57 милиони граѓани. Турција е составена од 81 област, од кои 30 се дефинирани како метрополи, вклучувајќи ги и Истанбул и Анкара.
Во 30 турски метрополи регистрирани се 44.212.704 гласачи, кои денес ќе гласаат на 142.777 избирачки места. Во преостанатите 51 област регистрирани се 12.837.077 гласачи, кои ќе гласаат на 51.851 избирачко место. Ќе може да се гласа и во затворите низ цела Турција.
Гласачите во Турција бираат градоначалници во градовите и општините и членови на градските и општинските совети. Гласачите ќе бираат и мухтари, најниска инстанца на локалната власт во Турција, и совет на старци (селски комисии).