Fatih Hafız Mehmet
31 Март 2019•Ажурирај: 31 Март 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот потпретседател Фуат Октај гласаше на денешните локални избори, во главниот град Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во изјавата за новинарите по гласањето, Октај истакна дека се надева оти ќе продолжат со посилна и постабилна Турција од понеделник.
Октај рече дека одѕивот на гласачите во Турција е секогаш висок, во споредба со другите делови од светот.
Тој, исто така, им посака среќа на сите кандидати.
Денешните избори се првите локални избори во Турција во рамки на новиот претседателски систем на управување, усвоен на референдумот во април 2017 година.
Гласањето започна во 7:00 часот по локално време и ќе трае до 16:00 часот во вкупно 32 од 81 област во Турција.
Во останатите области избирачките места се отворија во 8:00 часот по локално време, а ќе се затворат во 17:00 часот.