Bayram Altuğ
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
АНКАРА (АА) - Дирекцијата за дијаспора (YTB) на Република Турција, која во таа земја ja води програмата за стипендирање на странски студенти „Стипендии на Турција”, предупреди дека на сите студенти за кои ќе се утврди дека се поврзани со терористичката организација ФЕТО, стипеднијата ќе им биде укината , и ќе бидат вратени во своите земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Дирекцијата за дијаспора (YTB) на Република Турција, Кудрет Булбул во разговор за АА зборуваше за мерките кои ги преземала Дирекцијата по обидот за државен удар на 15 јули.
Тој изјави дека е многу важно студентите од странските земји кои се школуваат во Турција, на вистински начин да бидат информирани за последните случувања во Турција.
„Сметаме дека е многу значајно да знаат за каква терористичка организација се работи, како за нив така и за нивните земји. Во таа смисла организиравме различни состаноци на кои нудиме неопходни информации. Исто така, информациите за активностите на ФЕТО ги праќаме во земјите од кои доаѓаат нашите студенти” , изјави Булбул.
Тој исто така истакна, со оглед на тоа што терористичката организација ФЕТО има бројни активности на полето на образованието, настојува да ги искористи странските студенти во Турција.
„Многу е важно нашите студенти да бидат внимателни со цел да не бидат искористени од страна на терористичката организација ФЕТО. Поради тоа од нив баравме во случај да забележат нешто такво да го пријават на нашите безбедносни служби”, изјави Булбул, и додаде дека голем број студенти кои престојуваат во нивните домови, по 15 јули почнале да ги напуштаат.
„Ние моментално работиме на тоа да ги откриеме студентите поврзани со ФЕТО. Студентите за кои ќе се утврди дека се поврзани со организацијата во истиот момент ќе им биде укината стипендијата. Со помош на безбедносните служби ќе бидат вратени во своите земји”, порача Булбул
„Стипендиите на Турција” е програма за стипендирање на студенти во високото образование. Целта на програмата е и развивање добри односи на Турција со другите земји. Дирекцијата за дијаспора секоја година има намера да стипендира најмалку пет студенти, а само оваа година стигнаа над 100 илјади апликации за стипендии.
Можностите кои ги пружа програмата Стипендии на Турција, се месечната стипендија за учење на јазици и факултет која изнесува 650 турски лири (200 евра), мастер стипендијата од 850 турски лири (260 евра), стипендијата за докторат 1.200 турски лири (365 евра), 3.000 турски лири (910 евра) за научни истражувања. Студентите со оваа стипендија имаат право на бесплатно сместување, учење на јазикот и школување.