Şerife Çetin
15 Февруари 2021•Ажурирај: 16 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Турција остро реагираше на соопштението кое го издадоа властите на Соединетите Американски Држави (САД) по повод бруталното убиство на 13-те турски државјани од страна на терористите на ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Амбасадорот на САД во Анкара, Дејвид Сатерфилд, денес беше повикан на разговор и ние најостро реагиравме на американското соопштение“, се наведува во соопштението на ресорното турско Министерство.
Терористите на ПКК брутално убија 13 државјани на Турција во северниот ирачки регион Гара, а американскиот Стејт департмент објави порака со сочувство, но директно и недвосмислено не го осуди терористичкиот масакр.
„САД жалат поради убиството на турските државјани во ирачкиот регион Курдистан. Ние сме покрај нашиот сојузник во НАТО, Турција, и испраќаме пораки со сочувство за загинатите во последните судири. Ако се точни вестите дека овие турски државјани починале од рацете на терористичката организација ПКК, тогаш ние најостро го осудуваме тој чин“, се наведува во спорното соопштение на американскиот Стејт департмент.