İlker Girit
13 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турската влада подготвува легислатива за формирање вселенска агенција, соопшти денес турскиот вицепремиер, јавува Anadolu Agency (AA).
„Активностите за формирање на Турската вселенска агенција ќе бидат забрзани“, изјави за новинарите вицепремиерот Нуман Куртулмуш по состанокот на Советот на министри во турскиот главен град Анкара.
Истакнувајќи дека вселенската агенција е потребна за Турција, Куртулмиш рече дека нацрт-законот ќе биде претставен пред Парламентот штом биде готов, но не прецизираше точно време.
Прашањето за првпат се појави во 2014 година кога тогашниот турски министер за транспорт рече дека владата подготвува легислатива што ќе биде претставена пред Советот на министри.
Турската вселенска агенција е вклучена во акцискиот план на турската влада во декември 2015 година.