Handan Kazancı
14 Февруари 2017•Ажурирај: 15 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Денес, премиерот на Турција Бинали Јилдирим изјави дека престојниот референдум за Уставот на Турција ќе им овозможи на гласачите да гласааат за промена на моменталниот устав на државата, креиран по државниот удар во 1982 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На 16 април, електоратот ќе треба да гласа со „да“ или „не“ за 18-члениот предлог-закон за реформи со кој ќе му се даде широка извршна власт на претседателот и ќе се укине функцијата премиер.
Во однос на Уставот од 1982 година, кој беше усвоен на референдум во периодот под воено раководство, Јилдирим изјави: „Овој устав е модел од Уставот во 1982 година. Заглавен е на патот. Оние што не го поддржуваат уставот велат: ‘Можеби ќе успееме ако притиснеме’. Брате мој, нема да проработи, не го замарајте народот напразно”.
„На 16. април, граѓаните ќе одат до гласачките кутии и ќе го променат овој устав создаден по државниот удар (1982)“.
Јилдирим се обрати на состанокот на пратениците од Партијата за правда и развој во Парламентот во Анкара. Иако Уставот во 1982 година беше претставен од хунтата која дојде на власт во 1980 година, оттогаш беше постојано менуван, вклучувајќи преку референдумите од 2007 и 2010 година.
Предлог-законот за уставни промени во јануари беше усвоен во Парламентот со 339 гласа за, девет повеќе отколку што беа потребни за референдумот.
Со реформите се дозволува претседателот да ги задржи врските со својата политичка партија. Минималната возраст на кандидатите за пратеници во Парламентот ќе се намали на 18, а бројот на пратениците ќе се зголеми на 600.
Истовремени парламентарни и претседателски избори за петгодишен мандант ќе бидат одржани во ноември 2019 година, во рамките на новиот Устав.
Турскиот премиер Јилдирим исто така изјави дека од 27. март, и турските граѓани кои живеат во странство ќе бидат во можност да гласаат на терминалите на пристаништата и на аеродромите.
Јилдирим во својот говор се осврна и на терористичките организации кои заеднички вршат пропаганда против уставните промени во пресрет на референдумот најавен за 16 април оваа година.
„Тоа што терористичките организации заеднички и во хор извикуваат 'не', е знак за нашата земја, за нашите граѓани. Граѓаните ќе го искористат своето право на глас на референдумот и ќе одлучат за опцијата која ним им одговара. Граѓаните сосема сигурно нема да бидат во редовите кои поддржуваат негативен одговор, граѓаните нема да наседнат на пропагандата на терористичките организации”, изјави Јилдирим.