Fikriye Susam Uyar
22 Август 2016•Ажурирај: 23 Август 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската Црвена полумесечина подготвува нов хуманитарен брод, кој за Курбан Бајрам ќе стигне во Газа, а кој на тамошните Палестинци ќе им испорача хуманитарна помош во вид на храна, детски пелени, хигиенски средства и школски прибор, јавува Anadolu Agency (AA).
Хуманитарната организација Црвена полумесечина соопшти дека во тек се подготовките за опремување на другиот хуманитарен брод за Газа, кој ќе тргне од пристаништето во Мерсин за на првиот ден од Курбан Бајрам да стигне во Појасот Газа.
Во соопштението се истакнува дека Турција ја интензивира поддршката на Палестина и нејзиниот народ, и потсетува дека со постигнување на билатералниот договор за нормализација на односите помеѓу Турција и Израел и за изминатиот Рамазански бајрам, Турција со брод испорачала хуманитарна помош во Газа.
Претседателот на Црвената полумесечина, Керем Киник, изјави дека и другиот брод во Газа ќе испорача 10.000 тони помош, и додаде дека планот на Турција е да ја продолжи таа испорака на помош во период од два или три месеци.
„Подготвуваме хуманитарна помош, а станува збор за акција во вредност од 50 милиони лири (15,2 милиони евра). Цел ни е на Бајрам да ги израдуваме Палестинците во Газа” , изјави Киник.
Киник, исто така, најави дека турската Црвена полумесечина во наредниот период во Газа ќе инвестира и додатни шест милиони долари за подобрување на тамошната инфаструктура, која е разорена за време на последните палестински напади.
„Инвестирањето во инфраструктурата е потребно со цел палестинскиот регион да застане на нозе и да изгради подобра иднина. Во Газа ќе изградиме засолниште во услови на вонредни состојби и болница на Палестинската полумесечина. Првиот хуманитарен брод кој го испративме пристигна безбедно. Во рамките на воспоставување добар дијалог, израелските власти ни помогнаа во тој процес. Се надеваме дека ќе биде така и овој пат”, изјави Киник.