Aylin Dal
10 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот државен совет ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за претворање на „Ајасофија“ од џамија во музеј, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здружението за постојана служба за вакафи, историски дела и животна средина, до Турскиот државен совет поднесе тужба со барање да се поништи одлуката на Советот за министри за претворање на „Ајасофија“ од џамија во музеј.
Десеттиот Оддел при Турскиот државен совет на рочиштето на 2 јули ги слушаше изјавите на страните, додека по рочиштето го истражуваше досието и донесе одлука.
Овој Оддел ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за претворање на „Ајасофија“ од џамија во музеј.
- Судски процес
Здружението за постојана служба за вакафи, историски дела и животна средина, до Турскиот државен совет во врска со „Ајасофија“ првпат поднесе тужба во 2005 година, преку која побара поништување на оваа одлука на Советот на министри од 24 ноември 1934 година.
Десеттиот Оддел при Турскиот државен совет на 24 јуни 2005 година го одби барањето на ова здружение. Овој Оддел во 2008 година ја одби тужбата, нагласувајќи дека нема ништо противзаконско во користењето на џамијата „Ајасофија“ како музеј. Здружението исто така во 2016 година повторно поднесе тужба во Турскиот државен совет.