Dilan Pamuk
14 Декември 2020•Ажурирај: 16 Декември 2020
ДИЈАРБАКИР
Турскиот суд денес осуди поранешна градоначалничка на девет години затвор, под обвинение за членство во вооружена терористичка организација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Рожда Назлиер од опозициската Народна демократска партија (ХДП) претходно беше разрешена од функцијата градоначалничка на подрачјето Коџакој во источната област Дијарбаркир, откако беше отворена истрага за нејзина поврзаност со терористичката организација ПКК.
Таа не присуствуваше на судењето што беше одржано во 11. Висок кривичен суд во Дијарбакир и беше претставувана од страна на нејзините адвокати.
Терорист на ПКК, идентификуван со иницијалите Е.Т., кој се предаде на турските сили, соопшти дека местото на живеење на Назлиер се користело како место за состанок на членовите на терористичката организација.
Назлиер беше уапсена на 11 октомври, откако беше издаден налог за нејзино апсење.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.