Ali Ballı
23 Јули 2019•Ажурирај: 24 Јули 2019
МУГЛА (АА) - Во подрачјето на Бодрум што се наоѓа во турскиот град Мугла, потона чамец со нерегуларни мигранти, 8 лица биле спасени од оваа несреќа, а се трага по едно лице кое се води како исчезнато, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на Крејбрежната безбедност добија информации дека група луѓе барале помош во морето, и овие тимови за кратко време пристигнаа на местото на настанот, каде што спасија 8 лица кои се давеле.
Овие нерегуларни мигранти биле ставени во чамецот на Крајбрежните сили и биле пренесени во станицата на Крајбрежните сили во Тургутрејс, каде што добиле и здравствена помош.
Започната е операција за пребарување и спасување на едно лице кое се води како исчезнато.
Во операцијата се вклучени три чамци на Крајбрежната безбедност, како и еден хеликоптер.
Од друга страна, во ова подрачје каде што се случи несреќата, безбедносните сили фатиле 11 нерегуларни мигранти.