Zafer Fatih Beyaz,Serdar Açıl
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во истрагата против терористичката организација ФЕТО, најмалку 46 лица се притворени во турскиот главен град Анкара, а станува збор за поранешни вработени во образовните институции кои се затворени, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на републичкиот обвинител во Анкара претходно издаде потерница за најмалку 79 лица, а станува збор за поранешни вработени во образовните институции поврзани со ФЕТО, кои се затворени.
За време на акциите на безбедносните сили, во Анкара досега се притворени најмалку 46 осомничени лица.
Притворените се префрлени во зградата на полицијата за понатамошна кривична истрага, а потрагата по оние што не беа пронајдени на регистрираните адреси на живеење продолжува понатаму.