İlkay Güder
24 Ноември 2017•Ажурирај: 25 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателството на Турција, Ибрахим Калин, изјави: „Турција тероризмот го гледа како злосторство против човештвото било кој да е изворот и изговорот. Овој став цврсто го кажува во сите меѓународни, регионални и билатерлани односи“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калин во неговото писмено соопштение во врска со нападот извршен во една џамија во Египет, истакна дека со жалост ја добиле информацијата дека е извршен напад за време на петочната молитва во џамијата Ел Равдах која се наоѓа во градот Ариш во Синајскиот Полуостров. Тој вели дека терористите првин извршиле самоубиствен бомбашки напад, а потоа отвориле оган врз присутните во џамијата.
Калин нагласи дека според последните официјални информации, над 200 лица загинале, а 125 се ранети.
Истакнувајќи дека остро го осудуваат овој крволочен терористички напад, Калин изрази сочуство за загинатите невини граѓани. Тој посака поскоро заздравување на повредените
„Турција тероризмот го гледа како злосторство против човештвото било кој да е изворот и изговорот. Овој став цврсто го кажува во сите меѓународни, регионални и билатерлани односи“, рече Калин, истакнувајќи дека ефикасната меѓународна соработка е од витална значајност во борбата против тероризмот.
Калин истакна дека Турција ја споделува болката на пријателскиот и братскиот народ на Египет, предизвикана од крволочните напади.