Orhan Kuzu
23 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Во рамките на истрагата за терористичката организација Фетулачи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ) во Анталија од слобода се лишени најмалку шест осомничени лица, меѓу кои и пет заменици комесари на Полициската дирекција во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на Одделот за борба против организиран криминал и криумчарење во Анталија извршија претреси на повеќе адреси и приведоа шест лица осомничени дека работеле за организацијата „паралелни структури” раководена од страна на Фетулах Ѓулен.
Истрагата за случајот се спроведува и во Анкара, Адана и Коња, па во наредните часови се очекуваат нови приведувања на осомничени.
Осомничените се обвинети за членство во терористичката организација ФЕТО/ПДЈ и помагање во остварување на целите на терористичката организација.
Фетлуа Ѓулен, кој од 1999 година престојува во САД, е водач на терористичката организација со која во повеќе државни институции биле поврзани паралелни структури кои со злоупотреба на позициите се обиделе да предизвикаат дестабилизација на Турција и да извршат државен удар.
Во врска со таа организација во Турција се водат серија на судски процеси во кои се покренати обвиненија за прислушкување, злоупотреба на позиции и овластаувања, обид за државен удар и други кривични дела. Полициските операции против организацијата на Ѓулен во Турција се покренати во 2014 година и досега се приведени над 4.000 лица.