Didar Yüsra Dilruba Öz
30 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Денес, Министерството за внатрешни работи соопшти дека над 980 осомничени за тероризам се притворени во Турција во изминатите седум дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се вели дека меѓу притворените се и 625 осомничени припадници на терористичката организација ФЕТО, која е одговорна за обидот за пуч во јули, а од нив 42 беа задржани во притвор.
Другите 328 се осомничени лица од ПКК и 26 осомничени од ДЕАШ, од кои се задржани 41 осомничен од ПКК и 1 осомничен од ДЕАШ.
Полицијата исто така притвори и седуммина други поради наводна поврзаност со левичарска терористичка група.
Во соопштението се вели дека за време на операциите се неутрализирани четворица терористи, и се додава дека тројца биле заробени, а еден им се предал на безбедносните сили.
Исто така, 21 импровизирана експлозивна направа и 25 засолништа се уништени од страна на безбедносните сили, кои запленија 418 кг материјали за изработка на експлозиви, 17 гранати и 43 парчиња оружје.
Безбедносните сили исто така спроведоа 586 операции против дрога низ земјата, во обид да се намали финансирањето на тероризмот, и запленија одредена количина наркотици, вклучувајќи кокаин, хероин, марихуана, опиум, коноп и метамфетамин, како и 780.000 кутии шверцувани цигари и 24.502 литри шверцувано масло.
Во операциите исто така се приведени 765 осомничени, од кои 101 се задржани во притвор.
Во меѓувреме, 2.286 илегални мигранти се заробени во текот на минатата недела, а полицијата приведе 38 лица под сомневање дека криумчарат луѓе. Од нив, 13 се задржани во притвор.