Yunus Okur
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - ЈУНУС ОКУР - Самовилските оџаци во областа Нарман која се наоѓа во турскиот град, Ерзурум, наречени „земја на црвените самовили“, е ставена на привремената листа за Светско наследство од страна на Националната комисија на УНЕСКО во Турција, а истите оџаци нудат волшебна глетка за посетителите, пишува Anadolu Agency (AA).
Овие Самовилски оџаци, кои меѓу жителите се познати како „земја на црвените самовили“, според нивната формација и структура, во светот се слични само со Големиот Кањон кој се наоѓа на долината на Колорадо во САД.
Самовилските оџаци во Нарман, чиј процес на формирање датира од пред 300 милиони години, има потенцијал да привлече најмалку шест милиони туристи годишно. Овие оџаци ги импресионираат посетителите со нивните карактеристики и убавина.
- Кинематографите покажуваат интерес
Самовилските оџаци во Нарман се сметаат за значајно туристичко место во Туција. Благодарение на работите кои се водат за промовирање на овие самовилски оџаци во Нарман, голем број домашни и странски туристи го посетуваат местото, и имаат можност на лице место да ги видат убавините на геолошките форми.
Претходно во ова место каде посетителите патуваат илјадници години во минатото, голем број домашни и странски кинематографски тимови вршеле истражувања.
Сердар Карахан, географ и истражувач, во разговор за АА истакна дека процесот на формирање на Самовилските оџаци во Нарман кој е значаен туристички центар, датираат од пред стоцити милиони години.
Карахан рече дека претходно се направени некои истражувања за геопарк во местото каде се наоѓаат Самовилските оџаци.
„Знаеме дека слична на ова денес се наоѓа само во Големиот Кањон во долината на Колорадо која се наоѓа во американската сојузна држава, Аризона. Самовислките оџаци во Нарман имаат потенцијал од привекување на шест милиони туристи", истакна Карахан.
- Волшебна глетка
Карахан информираше дека самовилските оџаци во Ѓореме во Урѓуп имаат потекло од вулкански поместувања, додека самовилските оџаци во Нарман се формирани од површината на старо езерско дно. Тој смета дека оваа површина пред 300 милиони години била поморска област.