Mustafa Yılmaz
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
АДАНА
Занаетчијата Хусеин Јерѓок, кој живее во местото Туфанбејли во турската област Адана, изработи скулптури од снег пред својот дом, известува Агенција Анадолија (АА).
Јерѓок, кој води ресторан за донер и живее во област во која има обилни врнежи од снег, го привлече вниманието на минувачите со скулптурите од снег поставени пред неговиот дом.
Изјавувајќи дека изработува скулптури од камен и снег уште од својата младост, Јерѓок рече дека стресот го надминува изработувајќи слики и скулптури.
„Мислам дека ги искористив овие снежни врнежи и направив добра работа“, рече Јерѓок, додавајќи дека оние што ги виделе снежните скулптури биле изненадени, па ги фотографирале.