Selim Bostancı
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
БАРТИН (АА) - Руски товарен брод ја загуби контролата во бура во Црното Море, а турската крајбрежна стража го евакуираше екипажот, јавува Anadolu Agency (AA).
Недалеку од турското пристаниште Бартин, рускиот брод „Нефтеродос 29“ се најде на удар на силниот ветер и брановите, а екипажот побара итна помош од турската крајбрежна стража.
Станува збор за товарен брод што превезувал метална руда од руското пристаниште Ростов.
Спасувачкиот тим со помош на хеликоптер ги евакуираше шестемина членови од екипажот на бродот којшто неконтролирано се движел во морето.
Надлежните служби се на теренот и се обидуваат да воспостават контрола врз бродот, кој навлегол во зоната на плитките води.