Seyit Ahmet Aytaç
27 Декември 2018•Ажурирај: 28 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турција во 2018 година спроведе претприемничка и хуманитарна надворешна политика базирана на националните вредности и на принципот „мир во домот, мир во светот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Земјата, со својата претриемничка и хуманитарна надворешна политика се стреми кон постигнување мир, просперитет и стабилност во регионот.

- Напори за да се реши сириската криза
Турција играше водечка улога во меѓународната арена за да помогне во решавањето на сириската криза и даде важен придонес за да се спречи нелегалната миграција.
Анкара беше домаќин на трилатералниот Самит на Турција, Иран и Русија на 4 април за дискутирање за кризата.
На 27 октомври во Истанбул беше одржан Самит на четирите нации Турција, Русија, Франција и Германија.
- Турција беше домаќин на голем број меѓународни настани
Турција беше домаќин на голем број меѓународни настани и конференции на високо ниво и продолжи со своите мировни напори.
На 18 мај во Истанбул беше одржан итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на повик на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по одлуката на САД за преместување на својата Амбасада во Ерусалим (Кудс).
За едностраниот потег на САД, на Самитот беше истакнато дека е неприфатлив.
Во 2018 година беа спроведени 29 претседателски и 79 странски посети на ниво на Министерството за надворешни работи.
Механизмот за соработка на квартетот Турција - Азербејџан - Грузија - Иран беше конституиран со цел да се зголеми довербата меѓу земјите од регионот.
- Борба против тероризмот
Турција решително ја продолжи својата борба против сите терористички организации, вклучувајќи ги ЈПГ/ПКК, ФЕТО и ДЕАШ на својата територија и пошироко.
На 20 јануари Турција ја започна операцијата „Маслинова гранка“ за отстранување на ЈПГ/ПКК и терористите на ДЕАШ од Африн. На 18 март Турските вооружени сили и Слободната сириска војска го ослободија централното подрачје на Африн.
Училиштата и другите лица поврзани со ФЕТО во различни земји се затворени, префрлени или забранети.
- Членството на ЕУ меѓу стратешки цели
Во 2018 година меѓу Турција и европските земји Германија, Австрија и Данска започна позитивниот дијалог и процесот за нормализација.
Турција е рангирана меѓу првите пет земји во однос на највисоките дипломатски мисии во странство.
Вкупниот број на турските претставништва се зголеми на 240 и во иднина ќе достигне 270. Претставувањето на странските земји во Турција, исто така, брзо се зголеми со 273 канцеларии.