Abdulkerim Satuk Buğrahan Topaloğlu,Neşet Karadağ
26 Мај 2017•Ажурирај: 27 Мај 2017
АДАНА (АА) - Казнениот суд во турскиот град Адана побара од Министерството за правда на Република Турција да му биде одземено државјанството на лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Во судот во Адана, е во тек постапката против 120 лица поврзани со терористичката организација ФЕТО, меѓу кои и Ѓулен и бизнисмени блиски до оваа организација. За нив се бара казна затвор меѓу 7,5 и 25 години.
Неуспешниот јулски обид за државен удар во Турција е дело на терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во САД. За време на обидот за државен удар загинаа 246, а беа повредени 2.194 луѓе. Турција официјално побара од Соединетите Американски Држави привремено апсење и екстрадиција на Ѓулен.
Терористичката организација Фетулахчи / Паралелна држава структура (ФЕТО/ ПДЈ) во 70-тите години на минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, во 80-тите години значително ги зајакна своите паралелни структури во овие институции и на 15 јули минатата година изврши неуспешен обид за државен удар, со цел да се урне уставниот поредок и да се собори демократски избраната турска власт.
Турските власти на 2 февруари минатата година побараа од страна на САД да биде укината „зелената карта“ на Фетула Ѓулен, лидерот на ФЕТО. Нему претходно врз основа на давање лажен исказ, му беше поништен турскиот пасош.
Според последните податоци, во 113 земји во светот има вкупно 688 училишта и образовни институции поврзани со терористичката организација ФЕТО. Во Австралија постојат 15 училишта, во девет држави во Америка работат 150 училишта, во 36 африкански земји вкупно 106 училишта, во 35 земји во Европа работат 175 училишта, а во 32 земји од Азија има 242 училишта.