Emre Ayvaz,Ömer Faruk Cebeci
07 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
САКАРЈА (AA) - Во радот Сакарја во Турција, во рамките на истрагата против терористичката организација ДЕАШ, уапсен е Халис Бајанчук, со кодно име Абу Ханзала, јавува Anadolu Agency (AA).
Првин, Банајчук е приведен во Истанбул, а потоа е испорачан на судот во Сакарија, заедно со лицето со иницијали М.Ј.
Бајанчук и лицето со иницијалите М.Ј. се теретат за обид за рушење на уставниот поредок како и за членство во оружена терористичка организација ДЕАШ.
Истрагата во овој случај ја води Одделот за специјални истраги на Обвинителството во Сакарја.Бајанчук наводно е еден од водечките луѓе на терористичката организација ДЕАШ.