Kemal Ozdemir
07 Јуни 2017•Ажурирај: 08 Јуни 2017
ЕРЗИНЏАН (АА) - Жител на малото село Илич, во близина на источниот турски град Ерзинџан, се вчудоневидел кога пронашол печурка со тежина од 5,5 килограми, јавува Anadolu Agency (AA).
Фатих Акгун со пријателите собирал печурки на локацијата Ишван и притоа пронашол печурка тешка 5,5 килограми. Освен што станува збор за редок вид на печурка, реткост претставува и тоа да ја достигне таа тежина.
Акгун за АА истакна дека со пријателите во текот на месеците мај и јуни секоја година береле печурки на овие простори.
„Претходно не сум имал можност да го сретнам овој вид на печурка, но исто така ниту оваа големина на печурка“, рече Акгун.
Тој додаде дека станува збор за многу вкусна печурка, чија цена за еден килограм на пазарите се движи меѓу 80 и 100 лири (20 и 25 евра).