Gözde Bayar
14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска ја повтори поддршката на Турција за стабилноста и просперитетот на Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
По разговорите со либиската министерка за надворешни работи во турската престолнина Анкара, Чавушоглу на Твитер напиша: „Разговаравме за нашите билатерални односи и прашањата на нашата агенда со нашата прва гостинка денеска, министерката за надворешни работи, Најла Мангуш од Либија.“
„Ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и просперитетот на Либија“, вети турскиот министер.
Во врска со претстојните избори во Либија, Чавушоглу истакна дека изборите треба да бидат слободни, фер и веродостојни.
Според Мапата на патот утврдена под покровителство од ОН, парламентарните и претседателските избори во Либија се закажани за 24 декември.
Изборните закони во Либија се различни за Претставничкиот дом, Високиот државен совет, Владата на национално единство и Претседателскиот совет.