Abdülhamit Yaşar
04 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
КОЊА (АА) - Долината на штрковите во Бејшехир во Коња, Турција, е местото каде што со години црпат инспирација многу уметници и фотографи од различни делови на светот, пишува Anadolu Agency (AA).
Во пролет и во лето, Долината на штрковите е место на собирање на љубопитните од сите делови на светот, кои на свој начин ги прикажуваат природните убавини на овој крај.
Последната снимка во Долината на штрковите е регистрирана синоќа, додека над Бејшехир имаше полна месечина.
Градоначалникот на општината Бејшехир, Мурат Озалтун, изјави дека на тоа подрачје живеат стотици штркови. Штрковите, предвесници на пролетта, во Бејшехир ги хранат и своите младенчиња.
„Ваквата глетка може да се види секоја пролет и во текот на летото. Птиците преселници во текот на престојот во оваа област претставуваат глетка која многумина сакаат да ја регистрираат. Долината на штрковите е многу важна не само за развојот на туризмот во овој регион, туку и за Турција“, рече Озалтун.
Гнездата, според него, се наоѓаат на многу мала оддалеченост, а штрковите се во постојано движење. Една од овие глетки, која може само случајно да се сними, е, секако, и полната месечина која ја надополнува убавината на Долината на штрковите.