Emin Avundukluoğlu
27 Октомври 2016•Ажурирај: 28 Октомври 2016
КОЊА (АА) - Безбедносни извори соопштија дека денес се издадени налози за приведување на 73 пилоти од турската армија во истрагата поврзана со борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AА).
Според извор од обласните безбедносни служби, кој зборуваше под услов на анонимност, пилотите се наоѓаат во 17 области низ целата земја.
Осомничените, од кои 71 се поручници, се товарат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, во истрагата започната од страна на јавниот обвинител на Коња во врска со финансирањето на илегалната мрежа.
„Акцијата за приведување на осомничените е во тек“, додаде изворот.
Во меѓувреме, 26 полицајци денес се изнесени пред судот во областа Бурса поради користење на апликацијата „БајЛок“ за испраќање пораки, која се поврзува со обидот за државен удар на 15 јули.
Се смета дека апликацијата ја користеле припадниците на терористичката организација ФЕТО, која се смета дека стои зад обидот за државен удар.
Апликацијата е пробиена од страна на турските безбедносни агенции пред државниот удар, поттикнувајќи ги пучистите да се префрлат на користење на апликацијата за пораки WhatsApp, но не пред да бидат идентификувани десетици илјади припадници на ФЕТО.
Во вторникот, во Истанбул беа приведени и четворица полициски началници за поврзаност со ФЕТО.