Büşranur Koca
22 Декември 2023•Ажурирај: 24 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан разговараше со рускиот колега Сергеј Лавров за мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија, јавува Анадолу.
Неименуван дипломатски извор изјави дека шефовите на дипломатиите на Туркије и Русија денеска оствариле телефонски разговор.
Истиот извор јави дека Фидан и Лавров разговарале за мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија и дека Фидан истакнал дека е важно што поскоро да се потпише мировен договор.