Ecenur Çolak,Şerife Çetin
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во врска со процесот на визната либерализација меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) истакна: „Очекуваме визната либеларизација да се одобри во најкратко време. Ако ЕУ не покажe зелено светло за ова прашање, треба повторно да го разгледаме тешкиот товар што го презедовме преку Егејското море“, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Чавушоглу даде интервју за весникот „El-Şark el-Avsat" од Саудиска Арабија.
Чавушоглу истакна Турција историска земја и има една демократска традиција. Подвлекувајќи дека турскиот народ секогаш ги бранел демократските права, Чавушоглу вели дека турскиот народ ова го покажа кога им спротивстави на пучистите на 15 јули.
Министерот Чавушоглу истакна дека турскиот народ секогаш покажал отпорност и посветеност во одбраната на неговата татковина, демократијата како и републиката, и подвлече дека референдумот е одржан за уставните промени во врска со новиот систем за управување.
Во врска со прашањето како референдумот ќе влијае врз надворешната политика на Турција, Чавушоглу одговори дека ова не е поврзано со надворешната политика на Турција, и додаде:
„Турција е еден активна членка на НАТО, Г-20, Организација на исламска соработка и речиси на сите европски институции и истовремено следи една повеќенасочна политика. Претприемачката и хуманитарната политика на Турција на активен и принципиелен начин ги презема глобалните и локалните прашања. Турција продолжува да преземе една позитивна улога меѓу многу бројните тешкотии предизвикани од актуелната состојба на соседните земји. Ги зачувуваме нашите меѓународни обврски како и владеењето на правото“.
Турскиот министер нагласи дека Турција е разочарана од реакциите на земјите на ЕУ по обидот за државен удар на 15 јули од страна на терористичката организација ФЕТО. Чавушоглу вели дека билатералните односи со ЕУ поминуваат низ тешки времиња бидејќи ЕУ наместо да покаже солидарност и поддршка, таа е фокусирана неправедно да ја критикува Турција.
„Некои европски земји кои даваат голем напор за спречување на средбите на турските министри со нивните државјани, им дозволија на ПКК и групите кои имаат врска со ПКК слободно да одржат демонстрации како и да ги прикажат нивните симболи“, вели Чавушоглу, истакнувајќи дека некои земји во ЕУ применувале двојни стандарди.
- „Членството во ЕУ сеуште останува да биде наш приоритет“
„Членството во ЕУ сеуште останува да биде наш приоритет“, рече Чавушоглу, и истакна дека политичките препреки со кои се соочува во процесот на учество во ЕУ е меѓу факторите кои ги остава во тешка состојба односите меѓу Турција и ЕУ.
Министерот Чавушоглу потсети дека односите меѓу Турција и ЕУ датираат од 1960-те години, и дека односите се воспоставени врз многубројни основи како Царинската унија и преговорите за учество. Тој нагласи дека Турција и ЕУ треба да соработуваат околу прашањата за бегалската криза како и терористичката закана.
Турскиот министер истакна дека ставовите кои ЕУ ги покажува во последните времиња предизвикаа губење на довербата во Турција, и рече: „Сеуште чекаме да се преземаат позитивни чекори за да се надмине овaа криза на доверба.“
Чавушоглу нагласи дека и покрај сите предизвици односите меѓу Турција и ЕУ имаат можност повторно да се подобруваат.
Министерот за надворешни работи на Турција вели дека потребните чекори што треба да се преземат во овие рамки се отстранување на пробемите кои предизвикаат блокада во преговорите, одобрување на визната либерализација како и исполнување на другите ветувања на ЕУ. Тој нагласи дека развивањето на Царинската унија значајно ќе придонесе во односите меѓу Турција и ЕУ.
ЕУ, како што рече турскиот министер, поминува од еден процес на самопроверка. Тој истакна дека за да биде помоќен актер во светската политика, ЕУ во овој процес треба да биде самокритична и подвлече дека Турција како еден сигурен партнер е подготвена да придонесе во овој процес.
- „Очекуваме визната либерализација во најкратко време“
„Договорот од 18 март меѓу Турција и ЕУ е функционален како резултат на извонредните напори на Турција, и е една успешна приказна во контекст на борба против илегалната миграција“, истакна Чавушоглу.
Тој вели дека Турција од 2013 година го води процесот за визната либерализација и ги задоволува речиси сите наведени критериуми. Министерот Чавушоглу потсети дека и Европската комисија го прифатила ова во нејзиниот извештај во мај 2016 година.
„Ние направивме еден план за работа околу подготовките за преостанатите критериуми. Овој план кој ќе биде последната понуда на Турција, ќе им го предадеме на ЕУ за да се комплетира процесот за визната либеларизација. Ако ЕУ не покаже зелено светло за ова прашање, треба повторно да го разгледаме тешкиот товар што го презедовме преку Егејското море“, истакна Чавушоглу.