Zuhal Demirci
13 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
АНКАРА (AA) - Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу телефонски разговараше со американскиот државен секретар Мајк Помпео и германскиот министер за надворешни работи Хеик Мас, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извори, Чавушоглу имал одделни телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на двете земји.
Турскиот министер за надворешни работи во текот на денот телефонски разговараше и со францускиот шеф на дипломатијата Жан-Ив Ле Дриан.
Деталите од разговорите не се познати.