Ekip
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
РИЈАД
Бројот на случаи на заразување со коронавирус се зголеми во шест арапски земји - Ирак, Либан, Саудиска Арабија, Бахреин, Тунис и Палестина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за здравство, во Ирак се потврдени четири смртни случаи од коронавирус, со што бројот на починати изнесува вкупно 27, а бројот на детектирани случаи на зараза е 316, од кои 75 се излекувале.
Од Министерството се вели дека два смртни случаја биле потврдени во Карбала, еден во Нинива и еден во Ал Сулеманија.
Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство изјави дека бројот на случаи на заразување со Ковид-19 се зголемил на 304, со тоа што има 37 нови потврдени случаи.
Здравствените власти на Саудиска Арабија го потврдија првиот смртен случај од коронавирус, и објавија дека се детектирани уште 205 нови случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 767.
Во Бахреин исто така има нов смртен случај, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на три.
Според Министерството за здравство на Бахреин, новиот смртен случај било лице, државјанин на Бахреин, што неодамна се вратил од Иран.
Бројот на заразени во земјата изнесува 377.
Министерството за здравство на Тунис објави дека има 25 нови случаи, со што бројот на заразени се зголеми на 114, вклучувајќи едно излекувано лице.
Во Палестина исто така е пријавен нов случај, со што бројот на заразени изнесува 60.
„Една жена е заразена со коронавирусот во градот Рамала, од САД, со што бројот на заразени случаи достигна 60“, рече портпаролот на Владата, Ибрахим Мелем.
Според податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, минатиот декември, се прошири во најмалку 169 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус надмина 395.000, а бројот на починати е над 17.150, додека речиси 103.000 се излекувале.