Mustafa Deveci
18 Февруари 2023•Ажурирај: 19 Февруари 2023
ХАТАЈ (АА) - Дури 296 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди јужниот дел на Туркије, од урнатините на зграда во Антакија спасени се три лица, меѓу кои едно дете, јавува Анадолу.
Спасувачките тимови, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предадоа повредените на медицинските служби, по што се пренесени во болница.
Спасени се жена, маж и дете, чиј идентитет сѐ уште не е утврден.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија 11 турски области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради.