Турција

Шефот на турското разузнавање се сретна со делегација на Хамас на разговори за прекин на огнот во Газа

За време на средбата, тие разговараа за мерките за доставување хуманитарна помош во Газа, каде што се случува голема човечка трагедија поради израелската блокада, и како да се координираат меѓународните напори за ова прашање

Zafer Fatih Beyaz  | 19.04.2025 - Обновена : 19.04.2025
Шефот на турското разузнавање се сретна со делегација на Хамас на разговори за прекин на огнот во Газа

ИСТАНБУЛ / АНКАРА (АА) - Шефот на турското разузнавање, Ибрахим Калин, оствари средба со делегација на Хамас на разговори околу начините за доставување хуманитарна помош во Газа при тековната криза предизвикана од израелската блокада и координирањето на меѓународните напори за ова прашање, јавува Анадолу.

Според безбедносни извори, шефот на Националната разузнавачка агенција, Калин, се сретнал со Мухамед Дарвиш, челникот на Шурата, односно Советот на Хамас, и придружната делегација.

За време на средбата, тие разговараа за мерките за доставување хуманитарна помош во Газа, каде што се случува голема човечка трагедија поради израелската блокада, и како да се координираат меѓународните напори за ова прашање.

Тие, исто така, ја разгледаа моменталната состојба на иницијативите насочени за запирање на геноцидното дејствување на Израел во Газа и постигнување траен, сеопфатен прекин на огнот.

Разговорите ја разгледаа потребата од обединет став против плановите на Израел за насилно иселување на населението од Газа.

Нагласено е дека Туркије ќе продолжи да стои покрај народот на Газа, кој покажува голема решителност и трпение во одбраната на својата земја и покрај израелските напади врз цивилите и тактиките на гладување кои имаат за цел принудно иселување.

На состанокот е отфрлена експанзионистичката и окупациската политика на Израел, потврдувајќи дека секој нов обид за окупација или анексија ќе наиде на цврсто спротивставување.

Нагласена е и континуираната поддршка на Туркије за сите меѓународни напори кон траен прекин на огнот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.