Mümin Altaş
27 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара порача дека за Турција е мошне важно германските компании да не се дел од тензиите меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим денес во Анкара се сретна со претставници на германските компании кои работат во неговата земја и разговараа за сегашната криза во односите меѓу Турција и Германија.
„За нас е многу важно вие да немате штета поради тековните настани и да не бидете дел од овие тензии. Искрено да ви кажам дека не ве гледаме како компании од Германија, туку како компании на оваа земја“, изјави премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.