Barış Gündoğan,Özcan Yıldırım
27 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Во извештајот на Управата за верски работи на Република Турција, објавен вчера во Анкара, се истакнува дека Фетула Ѓулен, водач на терористичката организација ФЕТО, систематски работел на тоа меѓу своето членство да биде сметан за натприродно суштество кое Господ го избрал да биде чувар на исламот во времето пред крајот на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот совет на Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет), го објави извештајот „Злоупотреба на религијата преку реториката на терористичката организација ФЕТО”. Станува збор за анализа на верската реторика што во текот на изминатите 40 години ја користеше Фетула Ѓулен, лидер на терористичката организација ФЕТО.
Анализата ги открива сите детали за тоа како Ѓулен ги злоупотребува верските чувства, ги мамел и ги заведувал членовите на терористичката организација ФЕТО.
Извештајот е напишан на 140 страници и укажува на штетата што ФЕТО ја има нанесено на исламската вера. Извешатајот се темели на анализа на 80 книги и видеоматеријали во времетраење од 670 часа, преку кои Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО му се обраќал на своето членство.
Во извештајот е забележано дека Фетула Ѓулен, уште од почетокот на своето дејствување, систематски работел на тоа себеси да се претстави како натприродно суштество, а не како човек подеднаков со останатите. Претставувајќи им се на своите поданици како „избран“, Ѓулен околу себе создал круг во кој сите го третирале како божји пратеник, а за членовите на неговата заедница велел дека се нова генерација на муслимани.
Претставувајќи се како учен човек и добар познавач на исламот, Ѓулен го уверувал своето членство во своите искривени идеи и наредби, кои ги претставувал како да се дојдени директно од божјиот пратеник Мухамед.
Злоупотребувајќи ја верата, говорел дека во сон и на јаве го гледа светиот пророк и од него прима наредби што потоа им ги пренесува на членовите на организацијата“.
Во извештајот се наведени примери и извадоци од обраќањата на Ѓулен, во коишто ширел искривени и опасни идеи. Сите наведени примери се поткрепени со видео и аудиоснимки.
Исто така, се наведува дека Ѓулен себеси се претставувал како призма што на членовите на организацијата им испраќа директни инструкции од Господ. Тој одел и дотаму што рекол дека доколку некој го навредува него, значи го навредува Бога, како и дека ќе горат во пеколот сите што нема да му се покорат.
Ѓулен, водачот на ФЕТО, во текот на своите обраќања, членството го уверувал дека ќе се залага за нив и во идниот свет и ќе ги одведе во рајот. Исто така, истакнувал и дека сите негови клетви ќе бидат исполнети и сите оние што ќе му наштетат, ќе завршат во пеколот.
Со театрални настапи, Ѓулен раскажувал неверојатни нешта, но и лични анегдоти, и на тој начин вршел еден вид хипноза врз членството, кое неговите пораки ги примало без приговор. Во извештајот се наведува дека меѓу бројните примери кои се анализирани, забележано е дека Ѓулен често го повторувал тврдењето оти и неговата баба била посебна жена и воскреснала по смртта. Експертите потсетуваат дека Куранот и прописите и предупредувања дадени од страна на божјиот пратеник Мухамед кои треба да ги следи секој муслиман, се главни извори на исламот, и според нив таквата појава е можна само во исклучителни случаи, поврзани со божјите пратеници.
„Мајката на мојата мајка умре, а потоа оживеа и повторно се врати. Ѝ ги затворија очите, ја положија, не знам колку долго траеше тоа, но мајка ми ми рече дека потоа воскресна и живееше уште неколку години. Зборуваше дека била на оној свет. Беше посебна жена...“ често зборувал Ѓулен на своите собири.
Во извештајот се наведува дека за исламот се неприфатливи идеологиите за култен водач, за каков што се претставува Ѓулен веќе 40 години, туку сигурен извор на исламот е Куранот, прописите и предупредувања дадени од страна на божјиот пратеник Мухамед и заедничкиот став на исламските научници.
„Освен Куранот, прописите и предупредувања дадени од страна на пророкот Мухамед и консензусот на исламските научници, нема друг прифатлив извор и начин за насочување на животите на луѓето и заедниците. Натприродните инспирации, соништа и откровенија не се сигурни и секој оној што ќе се обиде со такви методи да управува со заедницата, мора да се преиспита и да се анализира во согласност со основните извори на исламот. Не смеат да се слушаат ниту луѓето кои верата ја перципираат низ субјективната имагинација, заблуда и халуцинација, како што тоа го прави Ѓулен. Во спротивно, невозможно е да се избегне и личната вина“, се наведува во заклучокот ос извештајот што го подготви Управата за верски работи на Република Турција.