Sinan Uslu
04 Јануари 2017•Ажурирај: 05 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Премиерот Бинали Јилдирим беше домаќин на Конфедерацијата на еснафи и занаетчии во Турција (ТЕСК) и на Централната унија на кооперации на кредитори и гаранти на еснафи и занаетчии во Турција (ТЕСКОМБ), јавува Anadolu Agency (AA).
Во своето обраќање кон присутните, Јилдирим рече: „Во последните 6 месеци поминавме преку државен удар, кој ако им се случеше на некои други држави, ќе беа срамнети со земјата. Но, ние, благодарение на нашиот народ и нашиот лидер – претседателот, на овие подли луѓе не им дадовме да ни го згазат знамето и не им ја предадовме татковината. Очигледно е дека тие не си ја научија лекцијата, почнаа да доаѓаат по тројца, по петмина. Слободно нека дојдат, сите ќе ги сотреме. Затоа што зад нас стои народот“.
- „Менувањето на уставот е најголема потреба“
„Уставните измени се на дневен ред. Велат: ’Каква потреба има од менување на уставот’, ’Зошто се занимавате со промена на уставот, има тероризам’. Видете, ова се стапици, напротив, токму сега најголема потреба е менувањето на уставот“, рече премиерот Јилдирим во врска со менувањето на уставот.
- „Овој народ е голем народ, оваа држава е голема држава“
Меѓу другото, Јилдирим истакна: „Тероризмот се обидува да ја упати следнава порака: ’Ние нема да ве оставиме на мир. Ќе пукаме со куршуми против турската државна стабилност како што ни наредуваат и ќе правиме секакви ниски работи за да ја уништиме таа стабилност’. А ние пак велиме: овој народ е голем народ, оваа држава е голема држава“.