Sinan Uslu
27 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Турција Бинали Јилдирим, во телефонски разговор со премиерот на Русија Медведев, во име на турската Влада и турскиот народ ѝ се заблагодари на Русија за пoкажаната солидарност во врска со предавничкиот обид за државен удар на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Јилдирим телефонски го побарал премиерот на Русија, Димитри Медведев, и му ја честитал победата на парламентарните избори, на кои партијата Обединета Русија освои 55 отсто од гласовите.