Emre Gürkan Abay
09 Октомври 2017•Ажурирај: 09 Октомври 2017
МОСКВА (АА) - Русија и Саудиска Арабија постигнаа договор за продажба на воздушниoт одбранбен систем S-400, пренесува Anadolu Agency (AA).
Марија Воробиева, претставничка на руската Федерална служба за воена и техничка соработка, во изјава за руската новинска агенција РИА Новости, истакна дека е постигнат договор за испорака на одбранбениот систем S-400 во Саудиска Арабија.
Воробиева пренесе дека е потпишан меморандум за разбирање меѓу Русија и Саудиска Арабија во врска со локализацијата на производството на воените производи. „Покрај системите S-400, со Саудиска Арабија е постигнат договор за испорака и на антитенковски проектили од типот „Корнет-М“, на повеќецевен ракетен лансер ТОС-1А, фрлачи на гранати АГС-30, како и за „калашников АК-103“ вели Воробиева.
Таа соопшти дека потпишаниот меморандум за разбирање вклучува и трансфер на технологии во Саудиска Арабија за производство на антитенковски проектили од типот „Корнет-М“, за повеќецевен ракетен лансер ТОС-1А, фрлачи на гранати АГС-30, како и за „калашников АК-103“.